САД изразија загриженост поради воените активности на Кина во близина на Тајван

 

САД се загрижени поради воените активности на Кина во близина на Тајван, кои ги нарекуваат провокативни и дестабилизирачки, соопшти денеска Белата куќа.

Советот за национална безбедност на Белата куќа нагласи дека во тој поглед ќе продолжи да му помага на Тајван во одржување на „задоволителна способност“ за самоодбрана.

Тоа, инаку, е во согласност со долгогодишните американски обврски кон Тајван, како и со политиката на една Кина, се додава во соопштението.

26.12.2022 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега