САД: Кина мора да го убеди светот дека не е „фактор на нестабилност“

 

Американскиот амбасадор во Пекинг Николас Бeрнс изјави денеска дека Кина мора да го убеди остатокот од светот дека не е „фактор на нестабилност“.

Бeрнс додаде дека Кина ќе делува мирно во Тајванскиот теснец.

„Ние не мислиме дека треба да има криза во односите меѓу САД и Кина поради неодамнешната мирна посета на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван. Тоа беше измислена криза што дојде од владата во Пекинг, а потоа претерана реакција“, изјави Бернс за Си-Ен-Ен, алудирајќи на воените вежби на Кина во Тајванскиот теснец како одговор на посетата на Пелоси и прекинот на дипломатските разговори со САД.

„Сега е одговорност на владата во Пекинг да го убеди остатокот од светот дека во иднина ќе дејствува мирно“, рече американскиот амбасадор, кому ова му е прво телевизиско интервју откако ја презеде функцијата пред шест месеци.

„Верувам дека во светот постои голема загриженост дека Кина стана фактор на нестабилност во Тајванскиот теснец, што не е во ничиј интерес“, рече тој.

19.08.2022 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега