САД: Над 5 милиони случаи на коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на коронавирус во САД синоќа надмина пет милиони луѓе, јавија американските медиуми.

Разликата од четири до пет милиони случаи е надмината за релативно кусо време, или само за 17 дена во САД се заразиле еден милион луѓе, пишува „Вашингтон пост“.

Прогресијата на епидемијата се одвиваше вака: Границата од милион случаи беше постигната 99 денови по првите забележани инфекции во јануари, а бројката од 2.5 милиони беше постигната при крајот на јуни, која што сега е удвоена и претставува четвртина од вкупниот број случаи на светско ниво.

Најмалку 97.000 деца во земјата биле тестирани позитивно во последните две недели од јули, според американската Академија за педијатрија и Детската болничка асоцијација. Овој број претставува повеќе од четвртина од вкупниот број деца со коронавирусна инфекција регистрирани уште од март.

Веднаш по првиот ден на отворање на училиштата и почетокот на школската година во Џорџија, во едно средно училиште биле регистрирани девет случаи на коронавирус, шест ученици и тројца учители. Информацијата дојде откако на социјалните мрежи се појави фотографија од преполн училишен ходник со ученици без маски. Средното училиште е привремено затворено и се враќа на одржување далечинска настава.

Демократите вчера го искритикуваа потпишувањето извршни уредби од страна на претседателот Доналд Трамп за економска помош на Американците кои останаа без работа поради кризата. Уредбите беа потпишани и покрај тоа што Конгресот не согласи зелено светло за посеопфатен пакет мерки.

Се работи за 400 долари дополнителна неделна помош и заштита на кираџиите од иселување во време на пандемија.

Посебно се критикува и мерката за привремено прекин на плаќање данок на доход за Американците кои заработуваат помалку од 104.000 долари годишно. Демократите обвинуваат дека мерките се недовршени или правно неиздржани и дека мерката со данокот нема да има некаков ефект.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега