САД подготвуваат нови санкции против Русија

Администрацијата на Барак Обама подготвува нови санкции против Русија, но ќе одлучи дали тие ќе бидат воведени зависно од развојот на ситуацијата во Украина, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Мари Харф.

- САД ги завршуваат подготовките на мерки за проширување и продлабочување на санкциите кон руските сектори за финансии, енергетика и одбрана. Јасно ги координираме дејствијата по ова прашање со ЕУ. Ќе донесеме одлука во зависност од тоа, што ќе се случи во следните неколку дена, изјави Харф, алудирајќи на договорот за прекин на огнот и решавање на конфликтот во Украина.

На прашањето за почитување на примирјето во Укриана Харф изјави дека според САД примирјето во целина се почитува, иако има информации за минофрлачки напади и престрелки на некои места. 
Харф нагласи дека САД го следат развојот на настаните и се во постојан контакт со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

10.09.2014 - 09:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега