САД предупредува: Терористите повторно ќе нападнат - мета се спортски настани и туристички места

САД ги предупредија граѓаните на потенцијален ризик од патување во Европа, наведувајќи дека по Брисел, терористичките групи планираат напади ширум континентот. 

- Терористичките групи продолжуваат да планираат непосредни напади ширум Европа, а мета се спортски настани, туристички места, ресторани и превозни средства, се наведува во предупредувањето на Стејт департментот.

- Стејт департментот ги предупредува американските граѓани на потенцијалниот ризик од патување во Европа и низ Европа, по неколкуте терористички напади, вклучувајќи ги и тие во Брисел на 22 март, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава, се нагласува во соопштението

 
 
23.03.2016 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега