САД прогласи вонредна состојба во јавното здравство

Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници.

Таквиот потег ќе ослободи средства за итни случаи и ќе укине некои бирократски пречки, јавија американските медиуми.

Објавата доаѓа повеќе од една недела откако Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на тој вирус.

-Подготвени сме за наш одговор на следно ниво во справувањето со тој вирус и го повикуваме секој Американец сериозно да ги сфати мајмунските сипаници, нагласи секретарот за здравство, Ксавиер Бесера, на брифингот со новинарите.

04.08.2022 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега