САД: Во Индијана усвоен предлог-законот за укинување на правото на абортус

Шест недели по одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на уставното право на жената за абортус, Сенатот на Индијана, контролиран од републиканците, даде конечно одобрување на нацрт-законот за забраната на жените да ја прекинат бременоста.

Откако законот го усвои Претставничкиот дом на Индијана и го усвои Сенатот со 28 гласа „за“ и 19 „против“, Индијана стана првата американска држава што донесе таква забрана по поништувањето на значајната пресуда на 24 јуни во Ро против Вејд од 1973 година, која го легализираше абортусот низ САД, пренесува „Ројтерс“.

Државата Западна Вирџинија е веројатно само неколку дена од донесувањето на целосна забрана за абортус, а околу 10 други држави предводени од републиканците веќе имаат слични, строги забрани за абортус.

 

06.08.2022 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега