САД заплени иранска нафта

Американското министерство за правосудство соопшти дека запленети се околу 1,1 милион барели нафта на четири пловила кои Иранци се обидувале да ја испорачаат на Венецуела.

Четири товари со иранска нафта наменети за Венецуела се наоѓаат во рацете на американските власти, кои на тој начин ја прекинуваат серијата на испорака на нафта на владата во Каракас. Американските претставници тврдат дека ова е најголема заплена на иранска нафта досега, но засега нема реакција од Техеран и Каракас.

Иран и Венецуела пред неколку месеци постигнаа договор за соработка, според кој Техеран досега на владата на Николас Мадуро му испорача неколку танкери натоварени со нафта, иако нафтената индустрија на двете земји е под санкции на САД.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега