Сајкоски: Ги поднесовме потписите од Иницијативата за поништување на Законот за попис

До Претседателот на Собранието денеска ги доставивме потписите и записниците од Иницијативата за донесување на закон за поништување на законот за попис, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

Тој посочи дека како партија во повеќе наврати укажувале дека имаме лош закон, штетен закон, што нема да ја прикаже реалната состојба на жители во Македонија.

-Затоа, и преку Собранието поднесовме четириесетина суштински амандмани со кои што требаше да се подобри текстот на законот. За жал, беа сите амандмани одбиени. Исто така укажавме дека лошо е да имаме врзан потпис затоа што прави сомнеж врз самиот процес. Укажавме дека никаде во светот нема попис на резидентно население, а да се попишуваат и нерезидентите односно граѓаните кои не живеат во Република Македонија. Апелираме и укажуваме до власта, да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија, посочи Сајкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2021 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега