Сајкоски: Потребни се брзи избори за излез од кризите
Општина Брвеница и градоначалникот Јовица Илиевски се добар пример како треба да се работи и да си посветен на граѓаните на својата општина, но и добар пример за централната власт како се работи и да се огледа на добрите примери на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски при денешната посета на општина Брвеница.
Тој посочи дека Во општина Брвеница се реализирани 4 улици и се направени проекти за 7 улици кои следниов период преку аплицирање на фондови ќе бидат реализирани.
- Во тек и фаза на реализација се и атмосферска и фекална канализација. Исто така се работи на комплетна реконструкција на спортската сала и на стадионот и на три парка, рече Сајкоски.
То посочи дека Во Македонија во моментов има економска и енергетска криза, 90.000 работници кои не си ја земале заслужената плата, а пола милиони граѓани кои живеат со 150 денари и затоа ги повика граѓаните да се придружат на протестите да се порази оваа власт.
Затоа ние повикуваме дека е потребно брзо да има избори и сите граѓани да присуствуваат на протестите кои ќе ги организира ВМРО-ДПМНЕ. Народот мора да ја казни оваа власт и да даде силна поддршка на протестот на 18 јуни. Народот мора да ја порази корумпираната власт, потенцираше Сајкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа