Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се бори за секој граѓанин

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Сајкоски вели дека формирањето на партијата било дело на визионери, патриоти, и интелектуалци. Тој на денешната прослава 31. роденден на ВМРО-ДПМНЕ рече дека основната цел на партијата била слободна и независна Македонија.

- Оваа бескомпромисна борба беше со огромна поддршка од народот. Визионерите и идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ од самите почетоци преку конгресни документи ги исцртаа аспирациите на нашата партија за влез на нашата држава во ЕУ и НАТО со стратешко партнерство на САД. Широката поддршка на народот ВМРО-ДПМНЕ ја имаше од самите почетоци. Остварувањето на целите на партијата беа по заслуга на нашите верни активисти родољуби кои се вградија во темелите на нашата партија. Во успесите на партијата со својата посветеност се вградија безброј активисти на кои денес, но и утре и секогаш ќе им бидеме благодарни за одважноста, за храброста, за мудроста и за желбата да имаат и да градат една убава држава како нашата Македонија, рече Сајкоски.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ има континуитет и почит кон секој член и активист.

-Денес откако поминаа 31 година сакаме да ја изразиме нашата благодарност до сите наши членови кои во минатото придонесовте за голем број победи на ВМРО но благодарност и за тие кои се борите рамо до рамо со нас во овие тешки моменти за нашата партија и нашата држава. Затоа ние имаме почит кон секој наш член и активист. Но од денес и во иднина ни е потребна акција, силен ангажман од секој наш активист, бидејќи тоа е клучот на успехот, но и факт дека преку акциите кажуваме дека се случува нешто, ако нема акција и работа, нема успех. А на нашата партија и држава и е потребно многу работа, успех и напредок. Нашата борба продолжува. Нашиот активизам ќе е уште поголем. Нашата цел е Македонија. Нека ни е вековита нашата партија, рече Сајкоски.

16.06.2021 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа