Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ започнува со акција на зачленување на нови членови - приклучи се и биди дел од промените во Македонија
ВМРО-ДПМНЕ е најголемото политичко семејство каде се запазуваат нашите традиционални вредности, каде на прво место е солидарноста, грижата за татковината и борба против сите ретроградни сили, објави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.
-Нашата борба е возможна доколку секој еден од вас го даде својот придонес. А ВМРО ги отвора вратите за младите, способните, образованите, искусните, работливите, чесните и оние кои заедно со нас сакаат да создаваат иднина. Иднината е наша заедничка. Затоа приклучи се. Биди дел од промените кои ја носат македонската пролет, кои се дел од новата визија, од Македонија не само каква ја сакате, туку и каква ја заслужувате. ВМРО-ДПМНЕ од 20 март до 20 април започнува со акција за приклучување и зачленување на нови членови. Просториите на општинските комитети ќе бидат отворени од 17 часот до 20 часот секој работен ден, пишува Сајкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа