Сакала по секоја цена работа во државна служба и смислила план - за само еден месец се збогатила

Сакала по секоја цена да добие државна работа и смилила како со измама да дојде до тоа, а сега тоа скапо ќе ја чини.

46-годишната Вероника Холда Тера од Јужна Австралија добро знаела каква работа сака - државна, со добра плата и бенефиции. Фрлила око на една таква позиција во владиното одделение на премиерот на Австралија и за таа прилика добро ја „нашминкала“ својата биографија.

Со оглед на тоа дека нејзината биографија не одговарала за оваа работа, таа одлучила своите квалификации да ги измисли.

За почеток го натерала својот брат Алан да ѝ лажира гаранција дека има 20 години искуство во водење тим - се одолжила така што му наместила разни договори во кои а три недели заработила повеќе од 23.000 долари. Потоа, на својот Линкделн профил ставила фотографија од Кејт Аптон за да привлече внимание на работодавците.

Таа успеала во својата намера, но за жал само еден месец поминала на работното место од своите зоништа. Од работното место заминала побогата за 17.200 фунти, колку што ја чинеле државата нејзините малверции кои успеала да ги спроведе во дело за тоа кратко време.

Овие денови Вероника била осудена на затворска казна од 25 месеци и година дена условна казна.

Се бранела со фактот дека во тоа време боледувала од биполарно пореметување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега