Сакале да прокриумчарат отровна храна во Македонија: Запленети се небезбедни месо, локум, супа

Локум, пилешки супи, капсули за кафемати, 20 тони чадено свинско месо со непрецизен состав, 60 тони пилешко од регион во кој имало птичји грип се само дел од субстандардните и фалсификувани или небезбедни производи по здравјето на граѓаните кои требало да завршат во македонските супермаркети, но биле пресретнати и запленети во гигантската акција на Интерпол насловена ,,Опсон 9″, дознава „Слободен печат“.

Во акцијата координирани од канцеларијата на Интерпол во Скопје, учествувале МВР, Агенцијата за Храна и Царинска управа и постигнати се забележителни резултати во вид на заплени на стоки односно фалсификувани и субстандардни прехрамбеди производи и пијалоци. Криминални групи се обиделе да прокриумчарат производи опасни по здравјето на граѓаните, спротивно на законодавната практика според која увозот на храна може да се реализира само по дадени соодветни дозволи за увоз од страна на Агенцијата за храна и ветерина. За забележување е дека оваа практика да се стави „отров” во чиниите на граѓаните е светски тренд, а особено откако настапи корона кризата.

Од Агенцијата за храна велат дека не постои опасност ваквите деривати да биле препакувани и да завршиле на македонскиот пазар.

,,Од 1 декември 2019 година, до 15 јуни годинава, колку што траеше акцијата, во Република Северна Македонија, воопшто не е евидентиран увоз на кашкавал од Бугарија со бугарско преференцијално потекло”, тврдат од Царинска управа за „Слободен печат”.

Генералниот секретар на Интерпол, Јурген Шток изјавил дека како што светот продолжува да се бори со пандемијата од Ковид 19, криминалните мрежи што ги дистрибуираат овие потенцијално опасни производи се крајно решени да профитираат.

– Тоа што запленивме најразновидни и огромни количини на производи од прехрамбената индустрија и пијалаци, им служи како потсетник на граѓаните и на јавноста дека треба да бидат исклучително алертни и внимателни што купуваат, а органите на прогонот и понатаму да внимаваат, да надгледуваат и да реагираат, изјави Шток.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега