Сакашвили открива пикантни детали за Трамп: Излегувавме по клубови и скокавме во фонтани

Шефот на извршниот одбор на украинскиот национален совет за реформи, поранешен претседател на Грузија, Михаил Сакашвили, изјавил дека во текот на своето претседателство примал многу различни гости, вклучувајќи го и актуелниот американски претседател Доналд Трамп, со кој посетувал ноќни клубови и скокал во фонтани.

„Секогаш ги примав сите гости, го возев наоколу. Многу сакаа да доаѓаат таму (во Грузија), меѓу нив и Хилари, Трамп, Џон МекКејн доаѓаше десетина пати. Трамп доаѓаше, се шетавме и го возев во својот електромобил до седум наутро. Бевме во два ноќни клубови, а скокавме и фонтани", рекол некогашниот управник на Одешката област на ЈуТјуб каналот на новинарот Дмитириј Гордон. 

За Трамп во последно време има многу шпекулации кои се објавени во книгата на поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон, во која поранешниот службеник фрла светло на најконтроверзната и отворено срамна страна на биографијата на Доналд Трамп како претседател.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега