Само 9 години затвор за Борче кој си ја уби сопругата па и плачеше на погреб

Пресудата за Македонецот Борче Ристевски според која е осуден на девет години затвор од страна на Врховниот суд во Мелбурн, за убиството без умисла на неговата сопруга Карен Ристевски предизвика лавина коментари. Тој ја уби, ја скри во грмушки, ја пријави за исчезната па и плачеше на погреб што ќе правел без неа.

Ристевски би можел да биде ослободен по четири и пол години, земајќи го в обзир времето кое веќе го помина во затвор. Максималната казна за убиство без умисла изнесува 20 години, а признавајќи го злосторството, Ристевски избегна доживотна затворска казна. 

– Не добивме никаква правда денеска. Како општество, во поглед на семејното насилство, ќе заземеме цврст став. Тоа не се случи денеска, кажа Стивен Вилијамс, братот на Карен, по пресудата.

Јавноста со остра реакција:

 – Денеска добивме порака оти одземањето на животот на една жена, вреди шест години во затвор од животот на еден маж. Сметаме дека ова не е правда за Карен, како и за нејзините најблиски, истакна организацијата за спречување на семејното насилство „Викторија“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега