Само три од 30 кандидати на СДСМ се жени – Заев: Родовата застапеност е за советничката листа

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва на прес-конференција рече дека родовата застапеност на кандидатите се запазила за советничките места, но не и за градоначалничките.

-Родовата застапеност согласно нашиот статут, согласно Законот е во советничките места. Овде се бира само еден кандидат и кога имате еден кандидат не можете тоа да го поделите на ниво на Северна Македонија 50-50, а притоа да ги слушате граѓаните. Кога одите доминантно на истражување и на анкети и најпресуден е фактот што тоа граѓаните мислат, тогаш ги определувате личностите. Во советничките листи имаме целосна застапеност на жени и мажи подеднакво 50-50, иако Законот е 40 отсто најмалку. Ние веќе на парламентарните избори настапивме 50-50, така ќе настапиме и на локалните избори за советничките листи, рече Заев.

Од 30-те имиња кои вечерва првиот човек на СДСМ ги објави само три се жени и тоа на Арачиново, Петровец и Старо Нагоричане.

13.07.2021 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега