Само за најхрабрите: Хорор филм кој најмногу го крева пулсот кај гледачите

„Hereditary“ е најстрашниот хорор филм на сите времиња, судејќи според мерењето на бројот на отчукувања на срцето на гледачите во текот на гледањето на ваквите видови филмови.

Експертите за мерење од платформата „GIGACalculator“ пресметале кои филмови најмногу го зголемуваат бројот на отчукувања на срцето кај гледачите, а на првото место се нашол хорор филмот од 2018-та година, кој многумина и многу порано го нарекоа еден од најстрашните на сите времиња.

На 150 луѓе им беа дадени низа хорор филмови кои мораа да ги гледаат за прв пат, носејќи бројач на срцето за да го следи нивниот пулс. Филмовите што им беа прикажани беа избрани по истражувањето спроведено над 2.500 луѓе, кои ги именуваа според нив 10-те најстрашни хорор филмови на сите времиња.


Најстрашниот филм се покажа дека е „Hereditary“, при чие гледање срцевиот ритам на оние што го гледале во просек бил 115 – значителен скок од просек од 60-100 отчукувања во минута.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега