Санкционирани 267 возачи во Скопје, 128 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 267 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 31 меркa за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол, извести МВР.

Како што соопштуваат од таму, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

11.12.2023 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега