Сашо Кукески од ВМРО-ДПМНЕ е нов претседател на Советот на општина Гази Баба

На денешната редовна седница Советот на општина Гази Баба го избра советникот Сашо Кукески од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија”.

Советникот Кукески е жител на населбата Хиподром, истиот е магистер по економски науки, оженет и е татко на две деца.

По завршување на седницата на Советот, градоначалникот Бобан Стефковски ја оддржа првата средба со новиот претседател на Советот Сашо Кукески.

Новиот претседател Сашо Кукески е избран откако на претходната претседателка на Советот Дијана Илиевска и престана мандатот Советник во Советот на општина Гази Баба, бидејќи истата беше избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија по изборот на новата Влада.

10.07.2024 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега