Сасоли: ЕУ нема да биде целосна се додека не се интегрираат земјите од Западен Балкан

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, изјави дека повеќе од потребно е интеграција на Западен Балкан во Европската Унија.

За време на Самитот за Западен Балкан во Брисел, Сасоли изјави дека ЕУ нема да биде целосна се додека земјите на Западен Балкан не бидат дел од европското семејство.

-Во Европскиот Парламент има волја за процесот на интеграција. Се соочивме со одбивањето на три земји членки. Имаме една празнина, која се нарекува Западен Балкан. Треба да ја затвориме географската карта на Европа. Има волја Македонија и Албанија да се движат напред за интеграција. Политичкиот простор и географскиот одговараат. Ова е важната пораката на овој самит. Ова е шанса за да се зацврсти Европската Унија-, изјави Сасоли.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега