СДК: Европските банки го замрзнаа проектот за пречистителна станица во Скопје оти претставниците на градот не оделе на состаноци

Порталот САКАМДАКАЖАМ.МК повикувајќи се на свои извори, обелоденува дека проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е замрзнат, оти градоначалничката Данела Арсовска, како и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Драган Илиевски, поставен од нејзе не оделе на состаноци. Дополнително, бил разрешен и раководителот на проектната единица за имплементација на проектот. 

 

Поради овие причини, претставнците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на Европската инвестициска банка (ЕИБ) кои го финансираат проектот, доставиле писмено известување дека нема да учествуваат во натамошните редовни неделни и месечни состаноци додека Градот и јавното претпријатие не обезбедат соодветни претставници. Тие исто така бараат образложение зошто е сменет раководителот на проектната единица. Тоа значи дека сега проектот е во застој, односно не можат да почнат да се реализираат никакви актвности за да се почне со градба на пречистителната станица.

 

Дека проектот и понатаму се кочи и има забелешки од европските банки потврдува и министерката за животна средина Каја Шукова, која за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека претставници од Градот отсуствуваат од редовните состанови.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

25.05.2023 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега