„СДК“: Јанева не е под истрага, само и биле побарани телефоните

Обвинителството за организиран криминал од специјалната обвинителка Катица Јанева ги побарало нејзините телефони во врска со истрагата во која Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец беа уапсени за примање поткуп и перење пари, дознава СДК.МК.

Катица Јанева не е под истрага и не ѝ бил вршен претрес, велат извори од обвинителството за порталот.

Како што кажа обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска на денешната прес-конференција за случајот, првоосомничениот Боки 13 го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, двајцата осомничени побарале 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите откако извлекле 1,5 милиони евра.

За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега