СДСМ: 100% зелена нафта за земјоделците

Собранието ги усвои  измените на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од пратеници на СДСМ и парламентарното мнозинство. 
 
Со измените на Законот се олеснува постапката на примателите на субвенции, односно тутунарите не треба да одат во УЈП  да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни постапката и веднаш да ги добијат субвенциите. Она што особено е вредно да се истакне е дека со измените се отвораат можности за зголемување на поддршката за набавка на гориво на земјоделските стопанства од 50 на 100 отсто од вредноста на горивото. Ова го потенцираат во писмено соопштение испратено утринава до медиумите од владејачката СДСМ.
 
„Ова во време на светска енергетска криза и раст на цените на горивата е особено значајна помош која ќе ги намали производствените трошоци и ќе придонесе за конкурентно земјоделско производство.
 
Со измените се отстранува пречката за исплата на субвенции кон 20.000 тутунопроизводители.
 
Исплатата на субвенциите во вредност од една милијарда и 300 милиони денари односно 21 милион евра започнува во следниот период. 
 
Кога целиот свет се соочува со недостаток на важни земјоделски производи, СДСМ презема се за да се поттикне зголемувањето на домашното производство на храна“, стои во соопштението на СДСМ.
Оттаму велат дека останувале посветени на реализација на мерки што значат помош за земјоделците.
01.06.2022 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега