СДСМ: 27 април најцрниот датум во историјата на македонската демократија - ВМРО-ДПМНЕ е насилничка партија

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ, вели владејачката СДСМ во соопштение до јавноста испратено утрово.

-Вооружени насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија. Тие насилници кои беа придружувани и од Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, не се, ниту некогаш ќе бидат уставобранители, тие се само насилници, бранители на криминалите на Никола Груевски. Денеска, четири години подоцна, наместо извинување и осуда, целата јавноста гледа како Мицкоски цврсто стои на браникот на криминалот и насилството, стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток, се вели во дописот.

Според СДСМ, тоа покажувало дека ништо не е сменето во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

- Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните. Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимско насилничката матрица на Груевски. Граѓаните, јавноста тоа го знае и затоа Мицкоски, затоа што освен насилство и одбрана на криминал, не нудат ништо што е во интерес на граѓаните и државата. СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори, се вели во соопштението од владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега