СДСМ: Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје

Измина и 82-от ден од мандатот на најнеспособната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска чиј отчет се состои од тоалет како нејзин проект и една нивелација на шахта, обвинуваат од владејачката СДСМ утринава преку соопштение испратено до новинарите, во однос на работата на градоначалничката Арсовска.
 
-Едно нешто е јасно, Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник којшто го имал Скопје, велат од партијата.
 
-Арсовска нема реализирано ништо од дадените ветувања пред граѓаните.
Бесплатен превоз нема, напротив, воведе билет од 120 денари, а потоа бараше финансиска помош од Владата за ЈСП.
Нема ниту пет нови мега паркови, депониите си стојат, не се чисти,  нема никаква помош за скопјани во услови на енергетска криза, нема сопствени проекти од нејзината програма.
 
Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ вети и професионализација на администрацијата, но спроведе груба партизација, полнење на установи и претпријатија со кадри на ВМРО-ДПМНЕ и ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 партиски кадри во Град Скопје.
Граѓаните сведочеа само прекинување на готови проекти како оној за Бас рапид транзит, поништување огласи за пожарникари, стои во партиското соопштение на СДСМ.
30.01.2022 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега