СДСМ: Арсовска од градоначалничка станува портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ
Данела Арсовска го промени работното место, од градоначалничка станува портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.
„Токму затоа својата енергија ја насочи кон вработување на партиски кадри, за што од Буџетот на Градот се издвоени 670.000 евра.
Од друга страна се жали дека нема пари во градската каса за помош на скопјани среде глобална енергетска криза, нема пари ни за ЈСП и нејзиниот најавен бесплатен градски превоз, а камо ли за почист воздух.
Арсовска не ја интересираат проблемите со парното греење и бара од владата, која постојано ја критикува да им помогне на скопјани“, се вели во партиската реакција на партијата.
„Данела Арсовска освен што се жали и се прогласува ненадлежна ништо друго не работи.
За неколку месеци од изборот таа заборави дека граѓаните ја гласаа за да им помогне, а не да си бара изговори за својата неспособност“, додаваат од СДСМ.
14.01.2022 - 12:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа