СДСМ: Арсовска со намалување на средствата за инвертори не може да се бори против загадувањето

Ветувањата на Данела Арсовска дека ќе се заложи за борба против загадувањето и заштита на животната средина сега се сведени на лажни предизборни ветувања, реагираат од СДСМ.

Според нив, Арсовска крати буџетски средства за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки.

Освен што за три пати ги намали парите за Секторот за животна средина, додаваат од партијата на власт, Арсовска ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

„За шест пати се намалени субвенциите за инвертори кон скопјани за следната година, односно на само 24 милиони денари. Мерката за субвенционирањето на набавка на инвертори досега беше искористена од околу 5.000 домаќинства во Скопје, а тоа се 5.000 помалку оџаци кои го загадуваат воздухот. Ваквиот пристап на Арсовска не може да обезбеди решение против аерозагадувањето“, се истакнува во писмената реакција од СДСМ.

Сметаат дека Арсовска мора конечно да почне да работи, особено на она што им го вети на скопјани, а добрите проекти и еколошки мерки на Петре Шилегов да ги продолжи а не да ги девалвира и укинува.

29.12.2021 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега