СДСМ: Арсовска спречи вработување на 20 пожарникари во Скопје во време кога се неопходни

Владејачката СДСМ обвинува дека Данела Арсовска работи против интересите на Градот Скопје и на граѓаните.

-Арсовска, заради лични каприци поништи јавен оглас кој беше на крајот од процедурите и со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Иако е евидентен недостигот на пожарникари во Град Скопје, деструктивната Арсовска го спречи вработувањето на пожарникарите, со што ја загрозува општата безбедност на градот и граѓаните, се вели во дописот.

Според СДСМ, во изминатите четири години сериознос се инвестирало во унапредување на условите за работа на пожарникарите.

-Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а беше инвестирано во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите. Данела Арсовска пред граѓаните го разоткрива своето режимско лице и покажува дека работи исклучиво за лични и партиски цели, велат од СДСМ.

04.12.2021 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега