СДСМ: Арсовски призна вмешаност на ВМРО-ДПМНЕ во скандалот „Криминални парцели“

Обидувајќи се невешто да го одбрани својот шефенови на партијата во скандалот „Криминални парцели“. Мицкоски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ практично призна вмешаност на видни членови на партијата во скандалот „Криминални парцели“. Ова е потенцирано во писмената реакција на владејачката СДСМ испратена по електронски пат до медиумите.

„Арсовски не се осмели да негира дека членови на партијата блиски до Мицкоски се осомничени за една од поголемите криминални афери тешка милиони евра. Тој попусто се труди да прикаже некаков монтиран случај. Овој скандал кој јавноста го дозна уште пред неколку месеци мора да биде расчистен, ВМРО-ДПМНЕ да не врши притисок врз истражните институции.

Сите информации кои излегоа во јавноста и ги пласираа медиумите уште пред неколку месеци јасно укажуваат на организирана криминална акција во кој повќе лица блиски или директно членови на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

 

26.05.2022 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега