СДСМ: Белиот дворец е синоним за криминал и нелегален имот

 
Синоним за криминал, корупција и незаконски имот стекнат со пари украдени од граѓаните е Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ посочи дека судската пресуда „Талир 2“ докажала дека Белиот дворец е стекнат со злоупотреба на милиони.
 
„Судската пресуда Талир 2 докажа дека Белиот дворец е стекнат со злоупотреба на милионски суми, врз грбот на граѓаните. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Се докажа дека ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека погледне во своите редови и својот дворец. Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот треба да ги достават до надлежната институција - ДКСК, за понатамошно постапување“, велат од партијата.
25.10.2022 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега