СДСМ: Белиот дворец со плочки од 100.000 евра и вазни од 180.000 евра е симбол на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека продолжил да продава лажна загриженост и да дејствува на штета на граѓаните

„Белиот дворец е симбол на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Со пари на граѓаните израсна од мала скромна жолта куќа во бела палата на 7 спрата, вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, скап мебел, позлатени рамки и уметнички дела.
 
Во неа има кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, теписон од 20.000 евра, вазна од 180 000 евра.
 
Од Белиот дворец, кој стои како споменик на криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето лицемерие, да продава лажна загриженост и да дејствува на штета на граѓаните.
 

 

Одамна на граѓаните им е јасно дека лицемерното ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо друго освен криминал и расипништво“, обвинуваат од СДСМ.
08.06.2022 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега