СДСМ: Блокадите на Законот за служба на Армијата и Законот за Клинички центар се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од антинародната матрица

ВМРО-ДПМНЕ упорно блокира Закони кои значат подобар живот за сите граѓани, закони кои се во интерес на државата, обвинува владејачката СДСМ.

-ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски не се откажува од блокадата за Законот со кој државата прв пат по 80 години ќе добие нов, модерен Клинички центар во Ѓорче Петров, Скопје, со што јасно покажува дека работи против здравствениот систем, на директна штета на граѓаните.  За целото 11-годишно режимско владеење ги лажеа граѓаните дека ќе изградат нов Клинички центар, а денес кои се создадени сите услови за реализација на овој капитален проект, тие го опструираат и блокираат. Доказ дека единствената задача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им е да го блокираат секој закон кој е во интерес на граѓаните е и блокадата на Законот за служба во Армијата, се вели во дописот од партијата испратен утрово.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се противи на олеснување на условите за пензионирање, на поголеми отпремнини за припадниците на Армијата со 2.000 амандмани.

- Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се противат војниците да имаат право на избор, се противат војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, се противат и на дополнителни поволности при пензионирање.  Тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека со ова сакале да го подобрат овој Закон е лага и лицемерие, од причина што поднесувањето на 2.000 амандмани од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за Закон кој има 30тина членови не е никакво подобрување, туку класична блокада на измените и дополнувањата на Законот.  Додека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ заради лични и партиски интереси опструира и блокира закони.  Затоа континуирано се поразувани од граѓаните и ги чека нов пораз на изборите наесен, се вели во дописот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2021 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега