СДСМ: Бојкотот на пописот е кривично дело

Пописот во април ќе се спроведува со целосно почитување на здравствените протоколи и мерки за заштита од коронавирусот. Здравјето на сите, како на граѓаните, така и на попишувачите ќе биде целосно заштитено, процесот на попишување ќе биде целосно безбеден од здравствен аспект, уверува СДСМ..

„ Со оваа најмасовна и најсложена статистичка операција, ќе се добијат целосни, релевантни и сеопфатни податоци за структурата на населението, на домаќинствата и становите, кои се од особена важност за државата, институциите, општините, но и за бизнис секторот и граѓанските организации.

По цели 19 години без попис, неговото одржување оваа пролет е најважна државничка работа и врвен патриотски чин. Тој мора да биде заеднички успех на сите граѓаните, на сите општествени чинители.

Граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите и повиците за бојкот на оваа важна статистичка операција. Бојкотот на пописот е кривично дело, постапка која не носи ништо добро за никого, чин што предизвикува штета на државните и национални интереси.

Преку учество во процесот на попишување секој поединец дава свој придонес во развојот на својата татковина, на своето населено место“ се додава во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега