СДСМ: Целосен хаос во Скопје, блокирани улици, а ЈСП тоне во долгови

„Неспособноста на локалната власт во Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос и нефукнционалност, јавниот превоз е во колпас. Во Скопје се случува целосен сообраќаен хаос, блокирани улици, приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје.

Градоначалничката Арсовска со раскинување на договори и префрлување на вината само ја влошува состојбата со јавниот превоз Скопјани се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози и доцнења“. Вакви пораки испраќаат од СДСМ во врска со сообраќајниот хаос кој утрово се случува во Скопје.

„ЈСП се подлабоко тоне во долгови,  а згора на се склучува штетни договори за набавка на гориво по далеку повисоки цени од реалните.Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз.

Додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше.

ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска лани победија на локалните избори токму со ветувањата за јавен превоз. Ветуваа брз, ефикасен и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани.

Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа нова катастрофа во Град Скопје.

Од неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму Скопјани.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се разочарување за граѓаните“, стои во реакцијата на СДСМ.

02.12.2022 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега