СДСМ: Данела Арсовска ги лаже граѓаните, кога може да лаже за бугарско државјанство, лаже и за други нешта

„Данела Арсовска ги лаже граѓаните. Нејзиниот обид да креира лажна слика околу себе пропадна.
 
Не е важно  како Данела, кандидатката на Груевски се чувствува, Северна Македонија е татковина за сите.
 
Ваквиот неискрениот и нечесен пристап на Данела Арсовска кон граѓаните е проблем“-велат од партијата на СДСМ.
 
„Ако Данела лаже и го крие нејзиното бугарско државјанство, не може ниту да се замисли што се друго крие и лаже.
 
Вчера граѓаните сведочеа на нови докази поврзани со овој скандал, со овој сплет на лаги на Арсовска.
 
Не само Арсовска, туку целото нејзино семејство поседува бугарско државјанство.
 
И нејзиниот сопруг, Ангел Арсовски има Удостоверение издадено во 2010 година, но и бугарска лична карта како и Данела„додаваат во сооптението.
 
„Валидноста на објавените документи лесно се потврдува преку официјалната интернет страница на Министерство за внатрешни работи на Република Бугарија.
 
Данела Арсовска со лаги ја започна кандидатурата, со лаги тераше кампања, со лаги ја завршува.
 
Се обиде да ги излаже скопјани со наводна независност, кога сите имаа можност да видат дека целото режимско ВМРО-ДПМНЕ стои зад неа.
 
Лагите кои ги пласираше пред граѓаните кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ отвораат многу сериозни прашања“-истакнуваат од партијата.

 

29.10.2021 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега