СДСМ: Данела Арсовска поседува и бугарска лична карта, и таа ја криела исто како бугарското државјанство

„Јавноста веќе дозна дека во 2011 година кандидатката на Никола Груевски Данела Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“. А вчера јавноста сведочеше на уште еден документ – личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти“- велат од владејачката СДСМ во писмено соопштение до медиумите испратено утринава.
 
„Случајно или не, бугарска лична карта е издадена на петти мај 2017 година, или само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието.
 
Граѓаните имаат право да знаат каква намера и цел имала Арсовска кога ја добила бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.
 
Арсовска може колку сака да се крие зад партиски соопштенија, да излегува на нервозни прес-конференции, но ништо не може да го сокрие фактот дека освен што е конзул на Унгарија, освен што е инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта“-додаваат во соопштението.
 
„Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања и тајни не поминуваат кај скопјани.
 
Во Скопје не поминува ниту странска инсталација која работи спротивно од интересите на граѓаните.
 
Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет“-велат од СДСМ.
 
 
 
28.10.2021 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега