СДСМ: Данела Арсовска унгарски конзул со бугарско државјанство, се крие зад соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ

Јавноста вчера сведочеше на откривање на уште една чувана и криена тајна на кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Јавно објавен документ, односно „Удостоверение“ од бугарско министерство за правда, потврдува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 на Арсовска и дал бугарско државјанство, велат од владејачката СДСМ.

Според партијата, Арсовска цели десет години има резервна татковина.

-Наместо да излезе пред граѓаните и да објасни, Арсовска одлучи да се крие зад празните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е класично потценување и навреда на скопјани од страна на Арсовска кадарот на Груевски и конзул на Унгарија. Во Скопје не минуваат странски инсталации кои работат на штета на државните интереси и интересите на граѓаните. Во недела граѓаните силно ќе го поразат овој обид за нивно потценување, ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и ќе се обединат за да продолжи развојот на Скопје со Петре Шилегов, се вели во дописот од СДСМ.

 

27.10.2021 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа