СДСМ: Додека цела држава жали ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за Филипче

Додека цела држава жали, ВМРО-ДПМНЕ монтира и шири лажни вести за министерот Венко Филипче, велат од владејачката СДСМ.

Според партијата, работата и посветеноста на Венко Филипче, како и неговите дела биле препознаени од граѓаните и ниту еден фотошоп и  манипулации не можат да го избришат тоа.

-Јавноста уште еднаш сведочи на нечовечно некрофилско однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се  извор на лажни вести, посочени и во студија финансирана од ЕУ. Нивните деструкции и лажни вести , се препознаени од граѓаните и затоа нема да им поминат и овојпат повторно ќе бидат поразени на избори, се вели во дописот од партијата.

 

11.09.2021 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега