СДСМ: Додека државата оди напред, Мицкоски зборува за враќање чекор назад, осамен е во деструктивната матрица

Покрај стандардните лажни вести и невистини, Христијан Мицкоски веќе толку се изгуби во сопствените ставови што неговите јавни настапи се полни со конфузија и недоследности, реагираат од СДСМ на изјавите на Христијан Мицкоски нпри вечерапшното гостување во ТВ Клан.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ свесно работеше против интеграција, свесно ја оддалечуваше државата од ЕУ и НАТО, а денеска Мицкоски глуми загрижност за евроинтеграциите.

Од една страна Мицкоски вели дека не сме ниту во чекалната на ЕУ, а од друга страна лицемерно вели дека се што е добро направено во најпозитивниот Извештај на ЕУ е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на деструкција и антидржавно однесување.

До вчера за ВМРО-ДПМНЕ Договорт за добрососедство со Бугарија беше антидржавен, а денеска Мицкоски се пофали и призна дека истиот е „95 отсто испреговоран од ВМРО-ДПМНЕ“.

Додека државата силно чекори напред, Мицкоски зборува за „враќање чекор назад“.

Целокупното делување на Мицкоски е со една цел, да ја врати државата назад во криминал, изолација и неизвесност, да го врати назад режимот на Никола Груевски за да се богати фамилијата, а државата да тоне во долгови и сиромаштија.

Ниту една лажна вест на конфузниот Мицкоски не го менува фактот дека државата оди напред, економијата е во нагорна линија и што од заробена држава денес сме светол пример во регионот, со извесно членство во НАТО и напредок во интеграцијата во ЕУ.

Наместо да се фали со туѓи достигнувања, Мицкоски нека гледа и учи како се работи одговорно и во интерес на граѓаните и државата“, стои во реакцијата од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега