СДСМ: Договор вреден 500.000 евра го поврзува телохранителот на Мицкоски со скандалот со криминалните парцели

Македонската јавност деновиве е сведок на голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Неколку луѓе кои се поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра. Истите парцели две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра.

Ова изутрината го соопшти владејачката СДСМ. Оттаму велат дека истрагата треба да даде одговор дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови, или како што велат, директно во Белиот дворец.

-Во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица. Но, овој скандал добива драстично поголема димензија бидејќи едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски. Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски е вреден 500.000 евра. Јавноста заслужува и мора да знае каква е поврзаноста на Христијан Мицкоски со овој скандал. Дали со негово одобрување и знаење е склучен овој договор? Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања? Истрагата на надлежните институции треба да ги даде сите детали за овој случај и да лоцира одговорност, се вели во дописот.

 

18.11.2021 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега