СДСМ: Доста беше театар во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа

СДСМ му порача на ВМРО-ДПМНЕ да не прави вештачка тензија и театар во македонското Собрание.

„Во време на најголема економска и енергетска криза премногу се опструира, се прави вештачка тензија и еден вид театар во македонското Собрание.

Тој избор на опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажува дека немаат концепт, не знаат каде тераат  и што е многу поважно покажува дека не сакаат да им помогнат на ниту еден начин на граѓаните.

Пратениците се избрани од граѓаните и треба да работат за граѓаните. Собранието треба да биде функционално во интерес на граѓаните.

Доста беше тетар, опструкции, тензии, не поминува тоа и нема никаков ефект. Слики како оние од 27 ми април или оние од 24 декември нема да дозволиме да се повторат.

Редно е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа“, порачаа од СДСМ.

06.06.2022 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега