СДСМ: ДПМНЕ да се охрабри за дијалог
„Менувањето на ставот на Христијан Мицкоски кој сега не е против уставните измени е добро за државата и отвора нови перспективи.
Добро е што и ДПМНЕ се согласни дека овој парламентарен состав има полн легитимитет и целосен мандат да ги спроведе уставните измени за продолжување на европскиот пат“, велат од СДСМ во писмено соопштение испратено до медиумите.
„Сега, имаме доближување на ставовите и дијалогот со ДПМНЕ треба да продолжи по оваа нова ситуација.
Дополнително, македонскиот јазик, идентитет и посебност кои се признаени од цела ЕУ, синоќа добија дополнителна афирмација од германскиот Бундестаг, со што дефинитивно се потопени сите претходни лаги на ДПМНЕ и Мицкоски за наводна асимилација и бугаризација.
Затоа сега, клучно е дијалогот да продолжи, преку разговор да се најде соодветен модел за уставни измени којшто ќе биде во рамки на преговарачката рамка.
Уште еднаш, го охрабруваме Мицкоски да остане на променетите ставови и што поскоро ДПМНЕ да формира тим со кој ќе разговараме за спроведување на уставните измени“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа