СДСМ: ДПМНЕ е за изолација, ние за членство во ЕУ и поголеми плати и пензии
На политичката сцена во земјата има два спротивни концепти – на ДПМНЕ, кој е за изолација и на СДСМ, кој е за членство во ЕУ, велат од Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение.
„Интеграцијата носи економски напредок и подобар животен стандард на граѓаните, а изолацијата економско уназадување.
Позитивните ефекти врз економијата во првите години од членството во ЕУ на земјите кои досега се зачлениле се најсилен показател.
Во првите 5 години од членство во ЕУ платите за работниците растат од 70-100%.
Ако СДСМ успеа за краток период да ја зголеми двојно минималната плата на 20.000 денари, просечната плата на 37.000 денари и просечната пензија за 40%, со членство во ЕУ платите и пензиите значително ќе се зголемат.
Од друга страна ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира.
ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место. Нема ниту аргументи зошто сака да блокира подобар животен стандард на граѓаните.
Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени. Државата да продолжи по европскиот пат“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа