СДСМ: ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место

 

„Два концепти во земјава се кристално јасни, ДПМНЕ е за изолација а СДСМ за членство во ЕУ. СДСМ посветено работи на продолжување на европскиот пат на државата. Членството во ЕУ води кон европски вредности и стандарди, посилна демократска стабилност и правна сигурност, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии“, соопшти СДСМ.

„Евроинтеграцијата носи економска стабилност и раст, вклучување во единствениот европски пазар од 500 милиони луѓе, пристап до голем број бенефиции, фондови и инвестиции од ЕУ за развој на инфраструктурата, земјоделството, образованието, здравството, културата.

Од друга страна ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира. ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место.

Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени. Огромно мнозинство на граѓаните, над 70 отсто е за ЕУ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

18.09.2023 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега