СДСМ: ДПМНЕ што поскоро да формира тим за да продолжи дијалогот за уставни измени
Воспоставениот дијалог со опозицијата и ставот на Мицкоски дека не е против уставни измени доаѓа во важен момент, кога државата има историска шанса и силна поддршка од стратешките партнери ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат, соопшти СДСМ.
„СДСМ ги свика своите највисоки тела и органи, формираше работна група и ги повика ДПМНЕ да се приклучат. ДПМНЕ што поскоро да формира работна група за да продолжи дијалогот за уставни измени.
Сега не е време за политички калкулации и мерење на партиските и личните рејтинзи, сега е време на одговорност, пред граѓаните, пред иднината на државата“ порачаа од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа