СДСМ: ДПМНЕ создаде хаос во Скопје - да не дозволиме да стане исто и со државата


Скопје е пример како владее ДПМНЕ. Како што не ги исполнија ветувањата за проектите што ќе ги реализираат во Скопје, така и сега даваат лажни ветувања за претстојните избори, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ ги изневери граѓаните на Скопје, создаде хаос во главниот град.

Наместо модерен град, Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, јавни претпријатија потонати во долгови.

Ветуваа бесплатен јавен превоз, па, за прв пат во историјата, ги оставија Скопјани без превоз.

Ветените нови 250 нови автобуси, никаде ги нема, додека овие старите се проретчени и нередовни.

Ветуваа мега паркови, а градот е нечист, депонии никнуваат насекаде.

Со глас за СДСМ граѓаните нема да дозволат да стане исто со државата“, стои во соопштението на СДСМ.

12.04.2024 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега