СДСМ: Една година стратешки дијалог, САД стојат рамо до рамо со Македонија

 

„По повод една година стратешки дијалог меѓу Македонија и САД уште еднаш е нагласена големата, силна и конкретна поддршка од САД за следниот чекор во европските интеграции. САД отсекогаш биле и секогаш ќе бидат постојан поддржувач и најголем пријател. Стојат рамо до рамо со Македонија во постигнување на целите за безбедност, просперитет и можност во рамки на европската заедница“, велат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.
 
„Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста во регионот, а сега е моментот сите политички партии во државата да го поддржат европскиот пат на државата. САД очекуваат дека сите политички лидери ќе го имаат предвид актуелниот контекст на случувања и дека во таа насока ќе се носат и претстојните политички одлуки во Собранието.
 
Граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на Европа, со европски квалитет на живот и европска иднина за младите“, се додава во соопштението на владејачката партија.
03.06.2023 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега