СДСМ: Ефикасност во реализацијата на антикризните мерки доведе до намалување на цените на горивата

 

Новите 26 антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ во вредност од 400 милиони евра веќе даваат резултат, соопшти СДСМ.

„ Ефикасност во реализацијата и примената на антикризните мерки доведе до намалување на цената на горивата, безинот се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Ова е резултат на дел од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата. Стабилна е цената и на основните прехрамбени производи. Во време на најголема криза го штитиме стандардот на граѓаните и економијата и обезбедуваме поддршка на компаниите“ додаваат од владејачката партија.

13.03.2022 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега