СДСМ: Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, раст на просечната плата од 10 отсто

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев континуирано спроведуваат ефикасни економски мерки, кои резултираат со економски раст и развој“, стои во денешното соопштение на СДСМ.

„Во изминатите четири години платите бележат постојан раст во сите сектори.

Официјалните податоци говорат дека просечната плата за месец април 2021 година изнесува 28.438 денари. Тоа е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

Во услови на светска економска и здравствена криза, платите не стагнираа, туку продолжија да растат.

Тоа само ја потврдува успешноста и навременоста на антикризните мерки и одговорните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Градиме силна, стабилна, динамична економија и можности за забрзан економски раст преку реални, остварливи проекти.

Како владејачка партија нашата цел е да го оствариме даденото ветување пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат.

Тоа и ќе го оствариме. Во овие четири години покажавме дека за нас, зборот е збор и тоа ќе го потврдиме и во иднина“, соопшти СДСМ.

24.06.2021 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега